Грција го објави списокот на 29 земји од кои ќе прифати туристи од 15 јуни, за кога се очекува да продолжат меѓународните летови од и за Атина и Солун.
На листата земји се Албанија, Австралија, Австрија, С.Македонија, Бугарија, Германија, Данска, Швајцарија, Естонија, Јапонија, Израел, Кина, Хрватска, Кипар, Латвија, Либан, Литванија, Малта, Црна Гора, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Унгарија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Чешка и Финска.

Списокот беше составен по испитување на епидемиолошките податоци на секоја земја и земајќи ги предвид најавите на Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската унија (ЕАСА), како и препораката на Комитетот за инфективни болести.
Посетителите од гореспоменатите земји ќе бидат предмет на проверки на лице место на аеродромот.
За сите други земји, тековните забрани за патувања во Грција ќе продолжат да се применуваат, сепак списокот ќе се ажурира и проширува од 1 јули.
Грчките власти ќе го следат развојот на вирусот и соодветно ќе ги изменат нејзините препораки.
Грција минатата година ја посетиле над 33 милиони туристи од што земјата заработила над 19 милијарди евра. Туризмот учествува со 20% вп грчкиот БДП, па отварањето на границите за странци е соцел да се спаси претстојната туризтичка сезона.