Според анализата на „Port Economis“, трите главни пристаништа за контејнери во Европа, Ротердам, Антверпен и Хамбург го одржувале лидерството и во 2019 година. Ротердам е сè уште најголемо пристаниште, по него следува Антверпен, кој бележи раст во последните пет години, а пристаништето во Хамбург е трето по големина, откако повторно бележи раст по долги години на стагнација.
Во меѓувреме, германското пристаниште Бремерхавен, кое историски се наоѓаше на четвртото место на листата на најголеми терминали на контејнери во Европа, најверојатно ќе го загуби тоа. Имено, на четврто место се искачи грчкото пристаниште во Пиреа, кое бележи највисок раст во 2019 година од 20,7%.
Пиреа, со која управува грчката компанија Cosco има амбициозни планови да го направи најголемо пристаниште во Европа.
Втор најголем раст од 8,3% лани има пристаништето во Валенсија, следи Алгецирас со раст од 7,2%, Хамбург со раст од 6,9% и Антверп со годишен раст од 6,4%.