Компанијата „Даути-ТранспортШпед“-Скопје ја купи компанијата со меѓународни транспортни дејности „The Jag Corporation“ ДОО, со седиште во Вараждин, Хрватска.
Целта на купувањето на компанијата е да биде доминантна на пазарот на Европската Унија, и за таа цел Одборот на Акционери одлучи да ја купи компанијата „The Jag Corporation“ ДОО, со седиште во Вараждин, Хрватска.
„Даути-ТранспортШпед“ во сопственост на македонската компнија Даути Комерц веќе 20 години ја развива својата дејност во областа на меѓународниот транспорт.
„Даути-ТранспортШпед“ е специјализирана компанија за меѓународен транспорт на стоки и услуги за транспорт на стоки, во патниот сообраќај. Основана е во 2003 година во Скопје, но подоцна во 2017 година основа фирма и го проширува транспортниот бизнис и во Албанија.