Daimler (Дајмлер) и Volkswagen (Фолксваген) го намалуваат работното време во некои од своите погони бидејќи производителите на автомобили продолжуваат да страдаат од недостиг на полупроводници што веќе го попречи производството оваа година, објавува Reuters.

Дајмлер го намалува работното време оваа недела во своите погони во Бремен и Растат, рече портпаролката, додавајќи дека ситуацијата е непостојана и не е можно да се направи прогноза за влијанието.

Фолксваген следната недела ќе го скрати работното време во својата фабрика во Волфсбург, изјави портпаролот.

Извршниот директор Херберт Дис минатиот месец изјави дека најголемиот производител на автомобили во Европа е во „кризен режим“ поради недостигот на чипови, додавајќи дека влијанието ќе се интензивира и ќе ги погоди профитите во вториот квартал.