Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот годинава со национален павиљон на Hannover Messe.
Десет македонски компании, ко – изложувачи на националниот павиљон  се претставуваат на годинешново дигитално издание на Хановер Месе.

Под мотото „Целиот технолошки свет доаѓа во Хановер“ светски водечкиот саем за технологија, поради ситуацијата предизвикана од корона вирусот се оддржува во дигитална форма од 12 до 16 април.

На саемот компаниите  имаат можност за оnline закажување на состаноци, учество на Б2Б средби, поврзување со контакти, споделување на дигитални презентации, live stream и учество на форуми на разни теми од областа на технологијата.

Дигиталното издание на саемот е организирано на начин што секоја компанија – изложувач има свој профил на кој ќе споделуваат информации за компанијата, фотографии од производи и услуги кои ги нудат и видео презентации.

Агенцијата преку програмата за поддршка на извозот ги поддржува компаниите во нивните активности за зголемување на извозот и освојување на нови пазараи, а Hannover Messe е еден од саемите каде Invest North Macedonia е присутна. Оваа година во рамките на националниот павиљон изложувачи се  следниве македонски компании:

  1. Ламинати, https://laminati.com.mk/
  2. Еуроедил, https://en.euroedilholding.com/
  3. ИТ Иновате, https://innovation.mk/
  4. ЕМОС, https://emos.mk/
  5. Братство, http://www.bratstvoinox.com.mk/
  6. Свемек, https://www.svemek.mk
  7. Металкат, http://www.metalkat.mk/
  8. Техно Гума, www.tehnoguma.com.mk
  9. Завар, https://www.zavar.com.mk/
  10. Универзал, http://univerzal.com.mk/mk/