Министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната пре конференција ги објасните деталите од вториот столб мерки од третиот анти кризен пакет кои се насочени кон поддршка на ликвидноста на компаниите и заштита на работните места на краток рок, но и поддршка за раст и развој и зголемување на конкурентнсота на компаниите во пост-корона периодот.
Овие мерки поддржуваат инвестиции, полесен пристап до капитал, наоѓање на нови пазари, извозна ориентираност, дигитализација, модернизација, нови производи, како и вклучување на таргетирани категории, како што се жени претприемачи и млади лица.
Прва мерка- Бескаматни кредити за фирми кои ќе бидат пласирани преку Развојната банка во вредност од 31 милион евра.
За оваа мерка се предвдува до 30% од бескаматниот кредит да има грант компонента, под одредени услови, односно доколку е компанија водена од жена, доколку вработува претежно млади лица, доколку се работи за инвестиции за подобрување на некои процеси или за извозна ориентираност. Бидејќи државата ќе учествува со национално кофинансирање до 1 милион евра, овие средства се испланирани во буџетот, додека останатите 30 милиони евра ќе се озбезбедат со грант за кој се преговара со Европската унија.
Втора мерка- Развивање на државна гарантна шема.
Оваа државна гарантна шема ќе се спроведува преку Развојната банка. Со оваа алатка ќе се овозможи полесен пристап до финансии со што државата ќе преземе дел од ризикот. Приватните компании ќе можат полесно да обезбедат средства преку комерцијалните банки за поддршка на нивната ликвидност или за инвестиции во нови технологии или поголема конкурентност.
Оваа државна гарантна шема се планира да биде развиена до септември, а веќе се работи на неа со техничка поддршка од меѓународните финансиски институции.
Планот е со овие државни гаранции да се покријат одо 50% до 70% од износот на кредитот преку издадената гаранција. Со почетен капитал од околу 10 милиони евра државата би можела да гарантира над 65 милиони евра кредити за приватниот сектор.
Трета мерка- Обезбедување 25 милиони евра од буџетот за поддршка на компаниите за инвестиции, за извозна ориентираност.
Овие пари со ребалансот се додадени на постојната ставка во буџетот за поддршка на приватниот сектор во износ од 100 милиони евра, од кои веќе се исплаќаат бескаматните кредити за поддршка на ликвидноста и заштита на работните места.
Четврта мерка- Модернизација и освојување на нови пазари на одредени индустрии и сектори кои што имаат голем неискористен потенцијал.
Таква една индустрија е текстилната индустрија која што покажа значајни способности за адаптација во овој период и во април го зголеми за над 300 % извозот на маски и друга заштитна опрема, вели Ангеловска.
Но, најголем дел од текстилната индустрија е лон производство има потенцијал со употреба на нови технологии и мдернизација на производството, овие компании имаат голем неискористен потенцијал за да се додаде вредност и да освојат нови пазари.
За таа цел, информираше Ангеловска, се планира да биде изградена дигитална платформа и понатаму истата во соработка со текстилната индустрија и коморите да се користи за освојување на нови пазари, која потоа ќе може да се искористи и за други сектри и индустрии.
Оваа платформа се планира да биде подготвена и лансирана до септември.
Петта мерка- Програма за развој на бизнис услуги
Во овој дел се планира 1,6 милиони евра да се стават на располагање на стартап и мали и средни претпријатија за воведување на нови процеси, иновации, освојување на нови пазари, дигитализација и зголемување на конкурентноста преку ко-финансирање на дел од развојниот проект.
Во рамки на оваа мерка се предвидува и формирањето на стартап села во кои што ќе се развива еко стартап системот на земјата.
[? Во живо] Прес-конференција на министрите за финансии и економија, Ангеловска и Бектеши
Publiée par Влада на Република Северна Македонија sur Jeudi 21 mai 2020
Шеста мерка- Инструмент за дигитализација
Преку Фондот за иновации и технолошки развој во вредност од околу 3 милиони евра ќе се обезбеди првична развојна поддршка на домашни компании со track record и потенцијал за успешно работење преку финансиска поддршка за брзо прилагодување.
Седма мерка- Ко-финансирање на настани и дополнителна поддршка на погодените сектори.
Оваа мерка ќе се реализира преку Министерството за економија. Оваа мерка предвидува субвенции за ко-финансирање на трошоците за организација на настани, обуки и конференции кои ќе треба да се исплатат во рок од 60 дена.
Станува збор за предлог кој бил даден од страна на стопанските комори во земјата и прифатен од Владата.
“Сите овие мерки ќе придонесат за креирање на нови работни места, за зголемена конкурентност на домашните компании за поголема извозна ориентираност”, смета министерката Ангеловска.