Најголемата македонска прехранбена компанија, Витаминка од Прилеп, објави дека во првиот квартал годинава остварила поголеми приходи од продажба на странски пазари, пад на домашниот пазар и големо намалување на профитабилноста заради високите трошоци во работењето.
Објавените финансиски неконсолидирани извештаи на компанијата објавени на Македонската берза покажуваат дека Витаминка во првите три месеци годинава остварила вкупни приходи од продажба од 13,3 милиони евра, што е незначителен пад од 0,78% во споредба со истиот период лани.
Околу две третини од приходите од продажба или 63% се остварени од продажби на домашниот пазар, кои лани бележат пад од 5% и изнесувале 8,3 милиони евра.
Извозот, односно продажбите во странство учествуваат со 37% во вкупните продажби во првиот квартал од 2023 година се зголемени за бележи раст од 7%, достигнувајќи 5 милиони евра.
Оперативните расходи на Витаминка во периодот јануари-март 2023 година година се намалени за 5% и изнесувале 12,3 милиони евра.
Финансиските расходи на компанијата во првите три месеци се зголемени за 46% во споредба со истиот период лани.
Компанијата во овој период работела со нет добивка од 5,5 милиони евра, односно 91 илјада евра, што е голем пад од 60% во споредба со добивката од истиот период минатата година.
Од Витаминка информираат дека во менаџерскиот тим води особена грижа за готовинскиот тек, но потенцираат дека се уште има многу неизвесности предизвикани од макрокономската нестабилност, инфлацијата и воениот конфликт во Украина.