Министерството за здравство и специјалниот Оперативен тим за втората фаза на имунизацијата на бизнис заедницата во нашата држава формирана од Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, информираат дека е постигнат договор да се реализира организирано вакцинирање на бизнис секторот со цел во одреден период да се достигне доволна бројка на вакцинирани лица во државата во насока на стекнување колективен имунитет на национално ниво.

Заради полесно одвивање на постапката на вакцинирање, од Стопанската комора  преку соопштение информираат дека е потребно да се направат следните подготовки:

  1. Најдоцна до 17.5.2021 година (понеделник) да се подготват листи на заинтересирани лица за вакцинирање со следните податоци:
  • име, презиме и матичен број на вработените и
  • пункт каде ќе се вакциниратт – Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Тетово и Охрид).

Компаниите повратно на меил ќе ги инфорираат лицата задолжени во Стопанската комора на Северна Македонија за соодветни здруженија само за вкупниот број заинтересирани лица за вакцинирање.

  1. Во тек е постапка за изработка на посебен апликација за аплицирање за вакцинација на вработените во деловниот сектор за што ќе добиете дополнително повратно известување од наша страна за начинот на аплицирање и внесување на податоците од претходно наведената листа во точка 1.
  1. При подготовка на листата да се има во предвид дека приоритетна група на вработени се вработените кои работата во:
  • поголема група во една иста просторија, како погон, магацин и сл.;
  • угостителско туристичкиот сектор;
  • јавен транспорт;
  • продавачи во малопродажните трговски објекти и сл.).

Листата на приоритетни дејности и работни позиции ќе се надградува согласно во координација со надлежните институции.

Точноста на податоците за вработени кои ќе бидат пријавени за вакцинирање, се вели во Соопштението, се од исклучително значење со цел добивање валидни Сертификати од министерството за здравство за реализираниот процес на вакцинација.

Вакцинацијата ќе оди со тековно – достапните вакцини обезбедени од страна на Министерството за здравство, достапни за сите граѓани, а во моментов истите се однесуваат само на вакцинирање со кинеската вакцина „СИНОФАРМ“ до расположливите количини.

За таа цел, од Стопанската комора упатуваат замолница, за максимално трпение и укажување дека динамиката и брзината на спроведување на процесот на имунизација во најголем дел ќе зависи од системскиот капацитет на обезбедување на потребните количини на вакцини.