Амбасадата на Италија Ambasciata d’Italia in Skopje во соработка со ITA – Italian Trade Agency – Skopje и M6 Educational Centre на 9 јуни организираат првиот од серијата вебинари посветени на поддршка на македонските земјоделци и размена на италијанските искуства. Првиот вебинар ќе биде посветен на предизвиците и трендовите во органското производство. 
Во светски рамки сè повеќе расте интересот од страна на потрошувачите за купување органски прехранбени производи. Нашата земја има значителен потенцијал за развој на земјоделскиот сектор и конкретно на органското производство, со што се овозможува произведство на поголема додадена вредност и органски производи со подобар квалитет. Сепак органското производство сè уште е на ниско ниво, далеку под својот вистински потенцијал.
Кои се причините за тоа и како можат македонските земјоделци и производители да го сменат својот пристап?
Доколку сте заинтересирани да го проследите вебинарот и да дознаете повеќе за  трендовите и исуствата во органското производство од италијански екперти можете да се регистирате на следниот линк http://m6.edu.mk/registration-page/?event=2386