Многу домашни текстилни компании со избувнувањето на пандемијата со коронавирусот имаа брза реакци и ги преориентираа своите производство кон
изработка на заштитни маски за повеќекратна употреба со цел да одговорат на зголемената побарувачка за овој дефицитарен производ и да придонесат за стабилизација на пазарот.
Но, како што потребите на домашниот пазар се подмируваа и беа создадени солидни залихи на заштитни маски се отвори можност и извоз на маските изработени од ткаен текстил и во странство.
Со навремената реакција од Владата со која се измени забраната и се дозволи извоз на памучни маски, домашните текстилни фабрики сега работат со полн капацитет и не можат дури да ги примат сите нарачки.
Домашните текстилни фабрики изминатиот месец работа со полн капацитет на производство на заштитни маски, скафандери, заштитни одела за странство, а некои од најновите модни трендови се и изработка ташнички и футроли за маски.
Само во април редовниот извоз само на маски е двојно зголемен, односно извезени се заштитни маски во вкупна вредност од 143 милиони денари (2,3 милиони евра), што е двојно повеќе во споредба со април 2019 година.
Вкупниот извоз, пак, на маски и заштита облека како скафандери и друга заштитна опрема во април изнесувал 390 милиони евра или 6,3 милиони евра, што е речиси за 300% зголемување споредено со извозот во април минатата година.
Најголем дел од извозот на маски е насочен кон Германија, Катар, Холандија Белгија и Австрија.
“Да се гордееме со домашните текстилни компании. Брзо се адаптираа и произведуваат заштитна опрема во полн капацитет!, напиша министерката за финансии Нина Ангелоска на својот фесбук профил и порача дека тоа е пример за сите и дека најбргу ќе ја пребродат кризата, оние кои најбрзо ќе се адаптираат.
“Да се обидеме да бараме можности во проблемите, наместо проблеми во можностите”, порача министерската Ангеловска.