Бројот на невработени во САД продолжува да се зголемува. Заклучно со неделата која завршува со 23 мај, повеќе од 2,1 милион луѓе поднеле барање за надомест за невработеност. Со тоа, вкупниот број на лица кои привремено го изгубиле вработувањето во САД надмина 41 милион, почнувајќи од ескалацијата на корона вирусот кон средината на март.

Никогаш досега немало таков пад на пазарот на трудот во историјата на САД.

Само минатата недела имало над 2,4 милиони нови апликации за бенефиции за невработеност. Стапката на невработеност за мај, која нема да биде објавена до почетокот на јуни, се проценува дека ќе биде повеќе од 20%.

Според последните информации, американската економија во првиот квартал бележи пад од 5% во споредба со претходниот квартал, што е повеќе од планираниот пад од 4,8%.