На денешната владина седница одобрени се нови 476 кредити за микро, мали и средни компании во вредност од 5,14 милиони евра од Ковид 2 бескаматните кредити преку Развојна банка на Северна Македонија АД. Во овие компании работат 7.107 лица, објави миниситерката за финансии Нина Ангеловска.
Заедно со новоодобрените, од оваа бескаматна линија, досега се доделени 7,13 милиони евра на 593 компании вокои работат 10.118 лица.
“Заедно со Ковид 1 линијата, досега, преку бескаматни кредити во износ од 12,67 милиони евра поддржани се 1.331 микро, мали и средни компании во кои работат 16.632 вработени”, вели министерката Ангеловска.