Кинеската компанија Cosco Shipping Lines во октомври минатата година ја пушти новата услуга за интермодален транспорт со која се поврзува хрватското пристаниште на Јадранското Море, Риека со земјите од Централна Европа.
Новата услуга се состои од редовна морска линија од грчкото пристаниште Пиреа до Риека, па оттаму со железнички линии до Будимпешта и Белград.
Со новите услуги на Риека Ланд Експрес, Cosco нуди 32-дневно патување од источна Кина до Будимпешта и 28-дневен транзит од јужна Кина до Будимпешта.
Оваа нова линија на кинескиот Cosco е одговор на големиот интерес на пазарот и претставува дополнување на постојната интермодална услуга Пиреа Ленд Експрес преку која веќе две и пол години се транспортира стока помеѓу Пиреа до Белград, па оттука до преку Србија до далечниот Исток.
Стоката од Пиреа до Риека и назад ќе стигаат два пати неделно, а веќе следниот ден преку железничка линија ќе тргаат кон Будимпешта и Скопје.
Дали може Србија да отпадне од Патот на свилата
Со воведување на интермодалната Пиреа-Риека, додека во Србија се гради брзата пруга кон Будимпешта, многумина се прашуваат дали може Србија да отпадне од рутата на Патот на свилата, а нејзиното место да го завземат Хрватска или Италија.
Властите во Србија уверуваат дека тоа нема да се случи, бидејќи рутата преку Коридор 10 е најбрзо и најпрофитабилно решение, а трасите преку Јадранот се привремени и алтернативни правци.
Србија планира големо реновирање на основната железничка мрежа во текот на следните пет до шест години. Пругата Белград – Будимпешта, која веќе се гради, е еден од најважните проекти во рамките на иницијативата „Еден појас, еден пат“.
COSCO Shipping Lines е дел од Cosco Group, кинеска компанија во државна сопственост која нуди услуги за транспорт и логистика.
Пред околу 3 години кинески Cosco стана сопственик на 70% од грчкото пристаниште Пиреја, кое е трето по важност пристаниште за Кинезите, после пристаништата во Шри Ланка и Пакистан.
Во последниве неколку години, Кинезите инвестираа околу 5 милијарди долари во ова пристаниште. За Кинезите е стратешки важна рутата која минува низ Грција, Македонија, Србија и Унгарија, како и железничката пруга Белград-Будимпешта.
Но, со поледните инвестиции во пристаништето во Риека, а претходно во италијанските пристаништа во Трст и Џенова, Кинезите очигледно бараат алтернативни транспортни рути да ги заобиколат лошите патиштата низ Македонија и Србија, кои ако сакаат да бидат конкурентни мора да го забрзаат реновирањето на железничките и транспортните коридори.