Договорот меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија, предвидува и непречен проток на работната сила во рамки на таканаречениот „Мини Шенген“. Ограничувањата би можеле да се укинат до крајот на годинава.

Спогогодбата меѓу државните органи на Србија, Северна Македонија и Албанија, за непречен легален проток на работната сила во овие три дрржави, според сознанијата на Стопанската комора на Србија (ПКС), би требало да биде усогласена до крајот на годинава, вели за Танјуг, Ненад Ѓурѓевиќ, советник на претседателот на ПКС, пишува „Блиц“.

Зборувајќи за реализацијата на делот од договорот меѓу лидерите на трите балкански земји, т.н мини Шенген, кој се однесува на слободниот проток на работна сила, тој вели дека досега можноста граѓаните на трите земји да патувањето преку граници со лична карта е реализирано.

„ПКС го поздравува овој договор како важен поттик за бизнисмените кои работат во овие земји. Што се однесува до договорот за слободно движење на работна сила, според нашите информации, во тек е усогласување меѓу министерствата за внатрешни работи и други надлежни тела, а одлуката за тоа треба да биде донесени во втората половина на оваа година, а најдоцна до крајот на годината “, вели Ѓурѓевиќ.

Тој истакна дека тоа ќе биде пресвртна точка за Србија, Северна Македонија и Албанија.

„Се надевам дека и другите соседи ќе се приклучат, бидејќи има недостаток на работна сила во областа на земјоделството, градежништвото и текстилната индустрија. Ни се обратија некои италијански компании кои имаат многу проблеми со наоѓање квалитетна работна сила”, рече Ѓурѓевиќ.

Тој додаде дека по пандемијата, многу меѓународни компании кои имаат свои синџири на Далечниот исток ја разгледуваат можноста да го приближат своето производство до нивните матични компании во Западна Европа.

„Ние како Западен Балкан можеме да бидеме интересна дестинација за ваков вид на работа. Сепак, студијата што ја направивме со Германската стопанска комора покажа дека многу важен предуслов за компаниите да дојдат да работат тука е квалификувана работна сила. Повеќе од цена на трудот и даночна политика “, изјави Ѓурѓевиќ.

То потенцира дека комората нема прецизни податоци за тоа колку недостасува работна сила, но тој изјави дека има потреба од работници на сезонски работни места, како и за меѓународни компании кои работат тука.

„Познато е дека овие работници доаѓаат од соседните земји, па дури и од одредени земји на ЕУ, така што овој недостаток е некако компензиран, но има потреба да се регулира, да се здравствено осигурани, да им теше работниот стаж“, вели тој.