Анди Аранитаси, претставникот на Европската банка за обнова и развој во Северна Македонија во итервју за агенцијата МИА предвидува пад на македонскиот бруто-домашен производ од 5% за годинава и раст од само 3%во 2021.
“Според нашите проекции, годинава ќе има пад на БДП од 5% проценти и раст од 3% проценти следната година, што е слично со останатите земји од Западен Балкан, како и оние со индустриска база во Централна и Источна Еврoпа. Откако имаше раст од близу нула проценти (0,2%) во првиот квартал, БДП се намали речиси за 13% (-12,7%) во вториот квартал, што значеше дека има големи нарушувања во економијата, преку значително намалување на приватната потрошувачка, инвестиции, договорите за извоз и увоз”, вели Аранитаси во интервју за МИА.
Претходно ЕБОР прогнозираше пад на македонската економија од 3,5% во 2020 и раст од 5,5% во 2021 година.
Просечниот пад на економиите на земјите од Западен Балкан ќе биде 5,1%, пред се поради колапсот на туристичкиот сектор, нарушувањата во глобалните синџири на снабдување и падот на странските директни инвестиции и дознаките од странство.
“Брзината со која ќе има опоравување и раст ќе зависи од опоравувањето на економиите во земјите од еврозоната, но и од напредокот на домашните економски реформи, со кои би се подигнало нивото и квалитетот на јавните инвестиции и би се подобрил квалитетот на образованието за да се намали несоодветното ниво на вештини на пазарот на труд”, вели Аранитаси, претставник на Европската банка за
Тој посочува дека стратегијата на ЕБОР за Северна Македонија во периодот 2019-2024 предвидува акцентот да биде ставен на три приоритети: зголемена конкурентност на приватниот сектор, зголемена регионална интеграција и поврзување преку подобра инфраструктура, и поддршка на транзицијата кон зелена енергија преку поодржлива мешавина на енергенси и подобра ефикасност на ресурси.
“Инвестиравме преку 160 милиони евра во 2019 година и околу 45 милиони евра во текот на 2020 година. Ќе обезбедиме уште средства до крајот на годината, и според предвидувањата, ќе се обезбедуваат во просек околу 150-200 милиони евра на годишна основа во текот на периодот што го покрива стратегијата”, најавува Аранитаси.