Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ќе ја финансира услугата „Извоз од Западен Балкан“ која е наменета за македонски, албански и косовски компании, инфомрмираат од Делегацијата на германското стопанство во земјава.
“Со оваа услуга им нудиме можност на компаниите да пронајдат деловни партнери во Германија на кои ќе им ги понудат своите производи и услуги. Ова им овозможува на компаниите од регионот полесно да ги пласираат своите производи и услуги на германскиот пазар. Потоа, заедно со ЕБРД планираме да организираме обуки за извоз, каде што ќе ги советуваме компаниите при решавањето на нивните најголеми проблеми кои се однесуваат на извозот”, вели Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство.
Пакетот извоз на услуги од Западен Балкан нуди скриниг на компанијата во Германија, обука на добавувачот за настап на пазарот, која опфаќа сертифицирање, царински прашања и можности за финансирање, како и експертски советувања од водечки личности од германската индустрија и германските здруженија, коишто ги оценуваат можностите на македонските/албанските/косовските компании за настап на германскиот пазар, и вршат посредување при стекнување бизнис-партнери со можност за Б2Б-средби и поддршка за саеми како и организирање на виртуелни состаноци преку вклучувањето на Augmented Reality, објаснуваат од Делегацијата на германското стопанство.