Home Вести Европа воведе забрана за увоз на руски дизел, цените на дизелот може...

Европа воведе забрана за увоз на руски дизел, цените на дизелот може да растат

Од денеска, Европа воведе забрана за увоз на руски дизел гориво и други нафтени деривати, дополнително намалувајќи ја нејзината зависност од Москва во обид да ја казни Русија за воената акција во Украина.
Забраната е воведена заедно со ограничување на цената на нафтените деривати, што е резултат на договорот меѓу групата седум демократски земји.

Целта е да се дозволи дизелот да продолжи да се испорачува во земји како Кина и Индија и да се избегне нагло зголемување на цената на ова гориво, што би им наштетило на потрошувачите ширум светот, а во исто време ќе го намали профитот што го остварува Москва во државниот буџет.

Дизелот е од клучно значење за економијата бидејќи се користи во автомобили, камиони за транспорт на стоки, земјоделски машини и фабрички машини.

Членките на ЕУ отсега ќе купуваат дизел гориво од САД, Блискиот Исток и Индија за да го заменат руското гориво, кое своевремено покриваше десет проценти од потребите на Европа.

Цената на дизелот може да порасне поради зголемените транспортни трошоци и закрепнувањето на побарувачката во Кина, чија економија излегува од строгите ограничувања наметнати од пандемијата Ковид-19.

error: Content is protected !!
Exit mobile version