Европската унија има многу што повеќе да изгуби од САД во случај на евентуален конфликт со Русија, бидејќи европската економија е далеу поизложена на Русија од амертиканската. Тоа е едно од објаснувањата зошто зошто западните сојузници имаат тешкотии да се договорат за цврст став околу Украина, пишува Bloomberg.
Русија е рангирана како петти најголем трговски партнер на ЕУ, како и нејзин главен снабдувач со енергија, додека за САД, Русија едвај влегува во првите 30 најголеми трговски партнерти. Има сличен јаз за инвестиции, при што Русија црпи пари од европските познати имиња, вклучително и Икеа , Royal Dutch Shell Plc и Volkswagen AG.
Со зголемена инфлација и притиснати потрошувачи од порастот на цените на енергијата, претставниците на ЕУ внимателно се движат околу изгледите за санкции. Тие се загрижени дека војната може да го задуши снабдувањето со природен гас во средината на зимата, кога им е најпотребно.
„Европските цени на енергијата претставуваат голема грижа“, смета Тим Еш, висок стратег за пазари во развој во Bluebay Asset Management. Тој вели дека рускиот претседател Владимир Путин сака ЕУ да биде „преплашена од гасот оваа зима и да биде студена. Тој не сака тие да направат ништо ако тој отиде во Украина“.
Дополнително на таа неподготвеност е чувството дека за казните наметнати на Русија во минатото, особено по инвазијата на Крим во 2014 година, економиите на ЕУ ја платија цената, а не САД. Додека американскиот претседател Џо Бајден предупредува дека руската војска може да се пресели наскоро, лидерите на ЕУ, како што е францускиот Емануел Макрон, играат на време. Русија засега тврди дека нема планови да ја нападне Украина.
„Санкциите имаат најдобар ефект доколку се ефикасни“, рече германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок минатата недела. „Станува збор за санкции кои навистина имаат ефект, не против самите себе, туку против Русија“.
Спротивно на тоа, Русија е „добро подготвена“ да ги надмине сите санкции откако презема чекори за да се изолира од мерките што САД би можеле да ги наметнат, вели Виктор Сабо, менаџер на фондови во Абердин Асет Менаџмент во Лондон.
„Ќе биде тешко да се нанесе таква болка што би се почувствувала“, вели Сабо. „Тоа нема да ја турне Русија до работ“.
Енергијата е најголемата точка на триење. САД се нето извозник на енергија, но ЕУ се потпира на увоз, а Русија е нејзин број 1 снабдувач и на нафта и на природен гас.
Економистите на JPMorgan Chase & Co во петокот предупредија дека порастот на цената на нафтата до 150 долари за барел ќе го загрози растот и ќе ја поттикне инфлацијата.
Гасот е особено чувствителна работа сега, бидејќи Русија го задржува снабдувањето во последните неколку месеци. Цените се тројно зголемени, зголемувајќи ја цената на електричната енергија низ целиот континент. Тоа е главната причина што Европа претрпува поголем енергетски шок од САД.
Ескалацијата со Русија поради Украина може да ја влоши енергетската ситуација во Европа. Официјалните претставници на ЕУ се фатени во замка, бидејќи домашното производство на гас е во опаѓање, додека во исто време Русија изгради капацитети за поголемо снабдување со гас.
Рускиот извозник на гас Гаспром и партнерите, вклучително и Шел, потрошија 9,5 милијарди евра (10,8 милијарди долари) за завршување на гасоводот Северен тек 2 и сакаат да го отворат. Воената акција во Украина би го ставила тоа под ризик, како и сите идни договори за зајакнување на руското снабдување во регионот. Тоа би го влошило недостигот на енергија во ЕУ.
„Доколку се воведат санкции за рускиот извоз на енергија или Русија го користи извозот на гас како алатка за пазарење, европските цени на природниот гас веројатно ќе се зголемат“, смета аналитичарот на Капитал Економикс, Вилијам Џексон. „Сметаме дека тие далеку ќе го надминат врвот постигнат минатата година“.
Санкциите против Русија би биле од корист и за американските извозници кои се обидуваат да испорачаат повеќе течен природен гас во Европа.
Европските бизниси се повеќе загрозени затоа што имаат инвестирано повеќе во Русија отколку нивните колеги од САД. Русија е исто така еден од најголемите извозници на алуминиум, никел, челик и ѓубрива.
Ikea, Volkswagen и пиварницата Carlsberg A/S работат во Русија. Италијанската UniCredit SpA планираше преземање таму што ќе ја направи најголемата странска банка во земјата, надминувајќи ги Societe Generale и австрискиот Raiffeisen.
Европа, исто така, беше тешко погодена од минатите санкции насочени кон Русија. Откако Русија го анектираше Крим во 2014 година, САД и ЕУ се договорија за режим на санкции.
Три години подоцна, студијата на Институтот за светска економија покажа дека иако Русија претрпе најголеми трговски загуби, Германија не заостанува многу. И другите економии на ЕУ беа погодени. САД всушност излегоа непогодени. Слична шема следеа и санкциите кон Иран.
Иако политичарите во САД и Европа се фалат со економската болка што можат да и ја нанесат на Русија, тие одбираат да ја одмолчат „незгодната вистина“ дека ќе има последици и дома, вели Том Китинг, раководител на Центарот за финансиски криминал и безбедносни студии при Кралскиот институт за Обединети услуги во Лондон.