Кондиторската компанија Европа објави дека првите три месеци годинава остварила приходи од продажба од 2,87 милиони евра, кои се поголеми за 8,1% во споредба со приходите од продажба остварени истиот период минатата 2020 година, покажуваат денеска објавените финансиски извештаи на компанијата на Македонската берза.

Околу 56% од приходите на Европа во првите три месеци годинава се остварени од извоз, односно продажба на странски пазари, додека останатиот дел се од продажба на домашниот пазар.
Во првите три месеци годинава Европа на странските пазари продала производи во вредност од 1,6 милиони евра, кои се поголеми за 2% во споредба со лани.
На домашниот пазар, пак, продажбите се поголеми за 16% и изнесувале околу 1,3 милиони евра.

Останатите приходи се намалени  за 26,6 %, а кај финансиските приходи зголемувањето е 828,4 % во однос на 2020 година.

Вкупните расходите на компанијата се намалени за 2,5% во однос на минатата година, а финансиските расходи пак се намалени за 14,6 % во однос на 2020 година.

Заради тоа нето добивката на Европаво првите три месеци годинава е двојно поголема  (+100%) и изнесува околу 306 илјади евра.