Европската унија обезбеди 37 милијарди евра за борба провив епидемијата од корона вирусот

Европската унија одвои 37 милијарди евра за борба со ширењето на болеста Ковид 19. Тоа е зголемување за 12 милијарди евра од првично најавената сума за дејство против епидемијата.

Државите во ЕУ трба да се чувствуваат слободни да ги преземат секакви мерки, кои што ќе ги проценат како неопходни за спасување на бизнисите и работните места, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

Се предвидува исто така преку инвестициониот план на Јункер да бидат обезбедени 100 милијарди евра кредити за малите и средните фирми. “Ќе направиме се што е неопходно за поддршка на луѓето и економијата”, изјави Фон дер Лаен.

Таа додаде, дека целосното затворање на европските граници не е пожелно. Едностраните мерки не се добро решение, коментира фон дер Лаен. “Не можемe да ja сoпремe заразата, но вoзможно e и много важно да ja забавимe брзината на нејзиното проширување”, порача Фон дер Лаен.