Пратениците во Европскиот Парлмент го одобрија Договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Виетнам, кој предвидува укинување на царините вотрговијата меѓу двете земји во следните 10 години.

“Најмодерниот, најсеопфатниот и најамбициозниот договор некогаш склучен помеѓу ЕУ и земја во развој ќе придонесе за поставување на високи стандарди во регионот и може да доведе до иден договор за трговија и инвестиции меѓу регионите, се вели во резолуцијата.
Со Договорот за слободна трговија ќе се остранат сите царини за трговија помеѓу двете земји земји во период од десет години. Но, некои од европските производи ќе бидат веднаш ослободени од царина како на пример, фармацевтски производи, машини, хемиски производи, автомобили.
Со Договорот се опфатени и банкарски услуги, морски транспорт и поштенски услуги до кои компаниите од ЕУ ќе имаат подобар пристап. Европските компании исто така ќе можат да учествуваат на сите државни тендери објавени во Виетнам. На производите од Виетнам им се дозволува безцарински да се продаваат на големиот европски пазар. Но, трговскиот договор е условен со почитување на човековите права, како и целосно напуштање на праксата на принудна работа.

Договорот е влезе во сила откако ќе биде ратификуван од парламентите на сите земји членки на ЕУ.

Виетнам е вториот најголем трговски партнер на ЕУ во Асоцијацијата на народите на Југоисточна Азија (ASEAN), после Сингапур. Годишната трговија со стоки изнесува 49,3 милијарди евра, а трговијата со услуги изнесува  4,1 милијарди евра. Трговскиот суфицит во корист на ЕУ изнесувал околу 27 милијарди евра во 2018 година. Најувезувани производи од Виетнам во ЕУ се облека, чевли, телекомуникациски и електронски делови, прехранбени производи.

ЕУ е еден од најголемите странски инвеститори во Виетнам со инвестиции во вредност од 6,1 милијарда евра.

Виетнам е една од најбрзорастечките економии во развој со пазар од над 97 милиони жители. Економскиот раст на Виетнам во 2018 година изнесуваше 7,1%, 6,6% во 2019 година, а во 2020 година се проценува раст од 6,5%.