Фабриката за производство на челични цевки и профили ФЗЦ 11 Октомври  од Куманови е една од компаниите кои трпат силно негативно влијание од пандемијата со коронавирус. Со оглед на фактот дека е 90% извозно ориентирана затворањето на границите и стопирањето на економската активност силно влијае врз побарувачката за производите на ФЗЦ 11 Октомври и дома и во странство.

Неревидираниот извештај објавен на Македонската берза покажува дека фабриката ФЗЦ 11 Октомври во првите три месеци годинава работела со вкупни приходи од продажба од 2,9 милиони евра, што е намалување за 28% во споредба со истиот период лани.
Приходите од извоз во првото тромесечие изнесувале 2 милиони евра и се поголеми за 18% во споредба со истиот период лани, додека приходите остварени на домашниот пазар се намалени за дури 61% изнесувале 910 илјади евра.

Заради зголемените трошоци во работењето, ФЗЦ 11 Октомври во првите три месеци годинава работела со загуба од 706 илјади евра.

Од компанијата информираат дека целиот извоз кон Италија е целосно стопиран откако започна пандемијата, а со останатите клиенти работат со намален капацитет. Дури и спремните колични за испорака се испорачуваат само приоритетна потреба од клиентите, а проблемите со наоѓање превозници во овие услови бил еден од проблемите кои исто така го намалил извозот на компанијата во овој период.

Големо влијание врз работењето на ФЗЦ 11 Октомври има и воведувањето на квоти од страна на Еврпската унија за продажби на европскиот пазар, кои го намалуваат извозот на компанијата.

”Квотата на мали цевки ф168  е веќе исцрпена на 5 мај, што знали дека во мај ијуни нема да можеме да имаме никаков извоз. Исто така отатокот од квотата за квадратни и правоаголни профили многу брзо ке се исполни.  И повторно месец мај и јуни во овој поглед ќе бидат неработни за нас како компанија. Тоа значи дека нашата компанија ќе може да ги извезува овие прозиводи дури од 1 јули, а 60% од приливите на нашата компанија зависат од извоз токму на овој производ (квадратни и правоаглони профили)”, информираат од ФЗЦ 11 Октомври.

ФЗЦ 11 Октомрви е меѓу најголеми извозници од земјата и минатата година имала извоз во вредност од 9 милиони евра. вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европаа
Во фабриката, која важ и за еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа, работат над 1.000 луѓе.