Економијата во евро-зоната се намали на 3,8% во првиот квартал, во однос на последните три месеци од 2019 година, откако пандемијата на коронавирусот сериозно влијаеше на сите деловни активности.
Групата од 19 држави од еврозоната, односно кои го имаат воведено еврото, се многу тешко погодени од здравствената криза.
Германија, Франција, Шпанија и Италија – четирите најголеми економии на еврозоната – се меѓу шесте земји со најмногу заразени во светот.
Француската економија забележа пад од 5,8% во првите три месеци од 2020 година во однос на последниот квартал од 2019 година, според Националното биро за статистика. Тоа е најголемиот пад откако започна мерењето во 1949 година.
Шпанската економија бележи пад 5,2% во првиот квартал од 2020 година.
Германија, пак, прогнозата за БДП за 2020 година ја намали на -6,3%.