Економијата во еврозоната забележа поголем од очекуваниот раст од 12,7% во третиот квартал годинава, во споредба со претходниот втор квартал кога имаше пад од 11,8%, покажуваат денеска објавените податоци на Евростат.
Претходните проценки и очекувања беа дека БДП на еврозоната ќе порасте со стапка од 9,4% во третиот квартал годинава.
Сепак, на годишна основа, вредноста на БДП на еврозоната е се уште помала за 4,3% во однос на третиот квартал од 2019 година.

Ова е најсилниот раст досега забележан во еврозоната, кој следува по најголемиот пад во претодниот квартал. Економијата на еврозоната се намали за 11,8% во периодот април-јуни и за 3,7% во јануари-март, како последица на големите последици кои ги предизвика пандемијата со Ковид-19.

Поширокиот регион на Еврропската Унија исто така забележа силен раст од 12,1%.

Растот гопредводат Франција, која забележа раст на БДП од 18,2% во третиот квартал, Шпанија со раст на БДП од 16,7%, Италија со раст од 16,1%, Австрија ео економски раст од 11,1% и Германија, која забележа раст на економијата од 8,2% во третиот квартал.