Ексклузивните вина на „Châteaude Gourdon“со два златни и еден сребрен медал

0
37

На најреномираниот натпревар за вина од долината на Рона во Франција, три вина произведени во винарницата „Château de Gourdon” освоија високи награди. Белото „Terrasse au Soleil 2018“ и црвеното „Vase de Pierre 2018“освоија златни, додека црвеното „Jolie Balade 2018“сребрен медал на годинешниот престижен вински натпревар „Concours des vins d’Orange“, кој се одржува во Оранж, Франција.

Овој значаен успех е постигнат во конкуренција на речиси 2.300 вина. Според пропозициите на натпреварот, вкупно 570 дегустатори ги оценуваат вината исклучиво според вкусот и нивниот квалитет, не знаејќи ги имињата на производителите и на самите вина, што обезбедува неспорна објективност во оценувањето.

„Concours des vins d’Orange“ е најстариот и најреномиран регионален натпревар на вина од долината на реката Рона во јужна Франција.Натпреварот прв пат е одржан во далечната 1952 година, а неговите оценки и препораки се од исклучително значење за настапот на вината од овој регион на европските и на светските вински пазари.

Наградените вина се произведени во француската винарницата „Château de Gourdon“, која од ноември 2018-та е дел од „Tikveš Châteaux & Domainеs“.Овие вина и сите останати од портфолиото на „Château de Gourdon“ им се достапни и на македонските љубители на ексклузивни висококвалитетни вина.