Европската Комисија предложи нов пакет од 100 милијарди евра за спас на работните места

Нов финансиски пакет за земјите членки на ЕУ со кој ќе се овозможи целосна исплата на платите на работниците во компаниите погодени од пандемијата со КОВИД – 19. Станува збор за заеми со кој членките на ЕУ би спречиле милионски отпуштања на работници.

Планот го носи името „SURE“ а е подготвен според германскиот модел со кој се предвидува работниците да имаат скратено работно време но притоа да добиваат целосна месечна плата.

Идејата е средствата да се обезбедат од меѓународниот пазар и да се пласираат кај членките на Унијата, а ваквиот чекор ќе обезбеди значително олеснување особено на земјите со кревка економија.

Сепак предлогот треба да наиде на одобрување од Германија и Холандија, земји кои традиционално се противат на мешање на долговите.