Ерата на евтин природен гас заврши, а големите поскапувања на овој енергенс во изминатата година отвараат простор бран на ефекти на поскапувања врз глобалната економија.
Природниот гас, кој се користи за производство на електрична енергија и греење на домовите, го имаше во изобилство и беше евтин во текот на поголемиот дел од последната деценија, во услови на бум во снабдувањето од САД во Австралија. Тоа се прекина годинава, откако побарувачката драстично ја надмина новата понуда.
Цените на гас во Европа достигнаа рекорд оваа недела, додека цените на течниот гас во Азија се на највисоко ниво во последните 11 години.
На долг рок, се очекува светот се повеќе да зависи од гасот како почиста алтернатива на јаглеродот. Но, на краток рок, со рекордното топло лето и ниските залихи на гас во светки рамки, аналитичарите предвидуваат дека не чекаат рекордни високи цени на гас зимава.
„Без разлика како гледате на тоа, гасот ќе биде гориво за транзиција во следните децении, бидејќи големите економии се обврзани да ги постигнат целите за емисија на јаглерод“, вели Крис Вифер, извршен директор на Macro Advisory Ltd. со седиште во Москва за Bloomberg.
Цената на гасот веројатно ќе остане покачена на среден рок и ќе се зголеми на долг рок”, смета Вифер.
До 2024 година, се предвидува дека побарувачката за гас ќе скокне за 7% од нивото пред Ковид 19, според Меѓународната агенција за енергија.
Гледајќи подалеку, побарувачката за течен природен гас се очекува да порасне за 3,4% годишно до 2035 година, надминувајќи ги другите фосилни горива, се вели во анализата на McKinsey & Co.
Зголемувањето на цените на природниот гас значи дека ќе биде поскапо да се напојуваат фабриките или да се произведуваат петрохемикалии и други прооизводи, што ќе се одрази врз секој аспект од глобалната економија и ќе ја поттикне инфлацијата и поскапувањата на цените.
Европските цени на природен гас се зголемија за повеќе од 1.000% од рекордно ниското ниво во мај 2020 година поради пандемијата, додека стапките на азискиот течен гас (LNG) скокнаа за шест пати во последната година. Дури и цените во САД, каде што револуцијата на шкрилци значително го зголеми производството на гориво, се зголемија на највисоко ниво за овој период од годината во последната деценија.
Иако постојат неколку еднократни фактори кои ги зголемија цените на гасот, како што се прекини во снабдувањето, глобален економски застој и застој во новите погони за извоз на ЛНГ, постои растечки консензус дека светот се соочува со структурна промена, водена од енергетска транзиција.
Пред една деценија, Меѓународната агенција за енергија објави дека светот може да влезе во „златно време“ на раст на побарувачката за природен гас поради историската експанзија на ефтината понуда гас. И навистина, помеѓу 2009 и 2020 година, глобалната потрошувачка на гас се зголеми за 30%.
Земјите се залагаа за гас како начин за брзо намалување на јаглеродниот отпечаток. А посебно што префрлањето кон природен гас може да се направи релативно брзо со ограничено распоредување капитал, а истовремено да има значително влијание врз намалувањето на емисиите, според IHS Markit.
Природниот гас е најчистото гориво фосилно гориво и емитува скоро 50% помалку СО2 од јагленот. Во меѓувреме, алтернативите без фосилно гориво, како што се ветерот и сонцето, се во релативно рана фаза во енергетската транзиција.
Побарувачката не покажува знаци на забавување
Комуналните претпријатија во Европа се префрлаат на гас поради високите цени на јаглеродот, владите на Јужна и Југоисточна Азија планираат десетици нови постројки на гас за да ги задоволат поголемите потреби за електрична енергија, а Кина е подготвена да зависи повеќе од гас од било кога како што се обидува да ја достигне максималната потрошувачка на јаглен.
И покрај тоа што цените ќе бидат повисоки во следната деценија, тие нема да бидат доволно високи за драстично да ја намалат побарувачката за гориво, пред се заарди ниските инвестиции во нова понуда и зелените амбиции на владите низ Европа и Азија.
Извор: Bloomberg