Еуроникел Индустри се стекна со сертификатот ИСО 14064-3:2019 кој претставува верификација на пресметката на CO2 footprint, односно на стакленичките гасови кои се испуштаат во атмосферата при производството во комбинатот. Со ова компанијата стана и прва и единствена, не само во државата, туку и во поширокиот регион која се стекна со ваков сертификат.
Сертификатот се однесува на гасовите пресметани за 2020 година и овој процес на сертификација е повторлив секоја година, земајќи предвид дека количината стакленички гасови е варијабилен параметар и всушност компаниите со стратешки еколошки пристап работат на намалување на истите.
Дополнително со ваквиот сертификат, компаниите преземаат и обврска за континуирано имплементирање технологии кои ќе придонесуваат кон намалување на стакленичките гасови.

Со овој чекор Еуроникел се приклучи на светски најнапредните компании кои работат на намалување на CO2 емисии како дел од своите стратегии за одржлив развој.
Климатските промени кои произлегуваат од антропогената активност се идентификувани како еден од најголемите предизвици со кои се соочува светот и ќе продолжат да влијаат врз бизнисот и граѓаните во идните децении.
Климатските промени имаат импликации и за човечките и за природните системи и може да доведат до значителни влијанија врз достапноста на ресурсите, економската активност и човечката благосостојба.

Како одговор на ова, во светот се развиваат меѓународни, регионални, национални и локални иницијативи кои се спроведуваат од јавни и приватни сектори за ублажување на концентрациите на стакленички гасови во атмосферата на Земјата, како и за олеснување на адаптацијата кон климатските промени.
Еуроникел во чекор го следи ваквиот развој и предвремено се приклучува во ваквите инцијативи, сè со цел да го усогласи своето работење со најсовремените стандарди за животна средина.

Бидејќи постои потреба од ефективен и прогресивен одговор на итната закана од климатските промени врз основа на најдобрите достапни научни сознанија, ISO произведе документи кои ја одржуваат трансформација на научното знаење во алатки кои ќе помогнат во справувањето со климатските промени.
Семејството на стандарди ISO 14060 обезбедува јасност и конзистентност за квантифицирање, следење, известување и потврдување или верификација на емисиите и намалувањето на стакленички гасови во компаниите и организациите, како поддршка на одржливиот развој преку економија со ниска потрошувачка на јаглерод.
Токму во таа насока Еуроникел Индустри ги презема сите потребни активности, за да ги усогласи своите процеси со стандарди кои гарантираат одржлив развој за компанијата, а во интерес на целокупната заедница.