Инвестицискиот план за Западен Балкан, кој предвидува инвестиции во повеќе области и кој треба да доведе до создавање работни места и враќање на младите луѓе во регионот бил една од темите на работната средба на лидерите од Западен Балкан со комесарот за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји
На работниот состанок кој се одржа во понеделникот, присуствуваше и македонскиот премиер Оливер Спасовски, а на него се разговарало и за новата методологија за проширување која, како што било посочено дава нов квалитет на процесот и дополнителна мотивација за земјите со аспирација да го забрзаат остварувањето на членството во ЕУ.
Комесарот Вархеји за Танјуг објаснува дека Инвестицискиот план треба да го намали јазот помеѓу економиите на ЕУ и регионот и да доведе до економски развој.
„Идејата на Инвестицискиот план е покрај се што ЕУ веќе прави за рагионот, да се привлечат и други извори, како што се меѓународните финансиски институции и билатералната соработка, вели Вархеји.
Тој смета дека големите разлики помеѓу економиите на ЕУ и Западен Балкан најголем проблем и корен на сите други проблеми.
“Колку побрзо ќе го затвориме тој јаз и ќе создадеме отпорни економии, толку побрзо земјите во регионот ќе можат да се придружат во ЕУ “, вели Вархеји.
На прашањето подетално да објасни кои области ќе бидат опфатени со Планот и врз кои принципи и фондови ќе се заснова најавениот развојно-инвестициски план за Западен Балкан, комесарот Вархеји вели дека се уште се работи на точното лоцирање на економските области и можностите за соработка и вложувања со цел зголемување на економскиот раст и отварање на нови работни места во регионот.
„Планираме да ги зголемиме нашите придонеси и да привлечеме други извори“, вели Вархеји.
Комесарот за проширување Вархеји како основни области на идното инвестирање во регионот на Западен Балкан ја наведува транспортната мрежа, енергијата, образованието и програмите на Дигиталната агенда и Зелениот план.
„Еден од најголемите проблеми меѓу земјите во регионот, во областа на трговијата, покрај границите, е недостатокот на транспортна инфраструктура. Ако успееме да ги интегрираме целосно во пан-европската транспортна мрежа веќе, што подразбира наши инвестиции и правила, на целиот регион ќе му се даде можност за долгорочно предвидливо планирање “, објаснува Вархеји.
Кога станува збор за енергетиката, Оливер Вархеји ги повикува земјите од Западен Балкан да се приклучат кон Зелената агенда на ЕУ, онолку колку што им дозволуват буџетите.
ЕУ, вели тој, дополнително ќе им помогне на земјите од регионот во областите на обновлива енергија, енергетска ефикасност, отстранување на отпадот …
Вархеји најавува дека помош преку новиот Инвестициски план треба да се очекува и во воспоставување на адекватен образовен систем во регионот, кој би бил конкурентен, како и во привлекување на странски директни инвестиции и отворање нови работни места на локално ниво со цел работната сила која Западен Балкан ја изгуби да почне да се враќа и да има иднина во сопствената земја.
На средбата исто така било потенцирано дека Европската Комисија ја дава целосната поддршка за инцијативата за зајакнување на регионалната соработка, популарно позната како „Мини Шенген“ и беше нагласено дека таа треба да биде максимално инклузивна и да се одвива по европски стандарди.