Европската унија нема да ги отвори целосно внатрешните граници пред крајот на јуни, што значи дека ограничувањата за патување до и од други земји ќе започнат да се олеснуваат од почетокот на јули, изјави Комесарот за внатрешни работи на ЕУ, Илва Јохансон.
Таа на прес-конференција по видео повик меѓу министрите за внатрешни работи на ЕУ и Шенген зоната рече дека повеќето влади ќе ги укинат внатрешните гранични контроли до 15 јуни, но дека некои не биле подготвени да го сторат тоа до крајот на месецот.
„Тоа значи дека сите внатрешни гранични контроли ќе бидат укинати до крајот на јуни. Треба да размислиме за постепено укинување на ограничувањата за несуштинското патување во ЕУ на почетокот на јули “, рече Јохансон.
Во Шенген зоната, во која вообичаено нема гранични контроли помеѓу повеќето држави на ЕУ и некои соседи надвор од неа, важи забрана до 15 јуни за сите несуштински посетители од земји надвор од ЕУ.
Шенген зоната е составена од 22 ЕУ земји членки и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Бугарија, Хрватска, Кипар и Романија, кои се уште не се дел од Шенген исто така поставија забрана за влез од земји надвор од ЕУ.
Белгискиот министер за внатрешни работи Питер Де Крем на Твите напиша дека мнозинството земји од Шенген се согласиле да ги укинат граничните контроли до 15 јуни, но Шпанија не се согласила.
Владите во петокот не утврдија кои државјани од не-шенген и земји кои не се членки на ЕУ ќе им биде дозволен влез .
Земјите од Западен Балкан побараа да бидат изземени забраната за патување што ќе важи за третите земји, а МИА повикувајќи се на извори од Брисел објави дека се големи шансите ЕК да донесе таква препорака.
Препораката на ЕК до земјите членки за отворање на границите треба да биде објавена до крајот на оваа недела, изјавил портпаролот за внатрешни работи, Адалбер Јанз.