Делегацијата на германското стопанство спроведе анкета помеѓу германските инвеститори во земјата на која се однесува на измените во Законот за работни односи, односно за забраната за работа во недела.

Анкета ја спроведе помеѓу германските инвеститори во земјата кои пред се работат во
автомобилската индустрија и вработуваат повеќе од 20.000 лица во земјата.
Најголемиот дел од овие компании работат во три или четири смени, седум дена во
неделата и поради сложените технолошки процеси, компаниите не го прекинуваат
производството во текот на целата година.

На прашањето, доколку се изгласа новиот Предлог-закон дали ќе предизвика намалување на работни места, 47% од компаниите одговориле дека ќе го намалат бројот на вработените за 10 %, 7 % ќе го намалат бројот на вработени за 20%, додека понатамошни 7% од анкетираните компании ќе го намалат бројот на
вработени за 30%.
Доколку се прекине производството во недела, 60 % од анкетираните компании ќе
доцнат со испораката, а 40 % од нив поради доцнењето ќе плаќаат пенали.

На прашањето дали да се одложи овој предлог закон и да се даде време на стопанството да се стабилизира по загубите од пандемијата, дури 36% од компаниите се изјасниле дека 2 години би биле доволен период да се подготват на новиот начин на работење, додека 64% сметаат дека период од 3 години им е потребен за стабилизација и долгорочно планирање.

На прашањето дали неработењето на производството во недела ќе предизвика застој
на увозот, и со тоа ќе следат поголеми царински и други трошоци за компаниите, дури 74 % од анкетираните се изјаснија дека оваа измена би предизвикала зголемени
трошоци.
67 % од анкетираните компании сметаат дека одлуката за неработење во недела
би ја зголемила корупцијата во стопанството.
Кај 94 % од анкетираните компании, Предлог-законот ќе донесе финансиски загуби,
а 80 % од испитаниците сметаат дека ќе предизвика зголемување на сивата
економија.
Како најголема конкуренција во однос на реализирање на понатамошни инвестиции,
компаниите ги навеле земјите Србија, Мароко, Бугарија и Романија.