Поради интензивите врнежи од снег се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, информира ЈП „Македонија пат“.
Оттаму апелираат за употреба на задолжителна зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на овој патен правец.
Од АМСМ, пак, информираа дека од 12:00 часот се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Тетово- П.Шапка.
Од 13:00 часот поради интензивни врнежи од снег е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Гостивар – Маврово.