Трговците во Европа и САД имаат огромни залихи на непродадени облека и како резултат на тоа ги намалуваат нарачките од производителите за пролет, објавува Ројтерс.
Како резултат на ова заздравувањето во текстилната индустрија од удор кој го зададе пандемијата се чини многу далечно.
Последните затворања низ Европа дополнително ќе ја намали продажбата, што заедно со бавната вакцинација во евроспките земји, дополнително ги замрачуваат надежите за скоро заздравување.
Глобално, непродадената облека од минатогодишните колекции се проценува помеѓу 140 и 160 милијарди евpa, покажуваат податоците на ĸoнcyлтaнтcĸaтa ĸoмпанија МсКіѕnеу.
Како резултат на тоа, Mark & Spencer и Hugo Boss , на пример, нарачаа значително помалку облека од новогодишната колекција, а многу други модни куќи за облека исто така ги намалуваат нарачките за нови колекции на облека.
Македонската текстилна индустрија во најголем дел е ориентирана кон лон производство на облека кои потоа се извезуваат главно во Германија и Италија.
Пандемијата на Ковид 19 силно ја погоди македонската текстилна индустрија, посебно посебно во месеците по нејзиното прогласување, што драстично ги намали нарачките. Податоците покажуваат дека извозот на облека и додатоци на облека минатата 2020 година се намалил за 16,1% или за 72 милиони евра во споредба со претодната година и изнесува 361 милион евра.
Владата почнувајќи од февруари ги ослободи текстилните фабрики од плаќањето на увозни царини за оредени суровини и материјали со цел да им ги намали трошоците и да им го олесни надминувањето на загубите предизвикани од пандемијата.
Но, доколку не се вратат нарачките од странските партнери, тешко дека може да се очекува брзо заздравување во овој сектор.
Посебно заради тоа што новиот бран на ширење на коронавирусот и строгите мерки на затворања кои беа преземени и кои ќе траат до средината во февруари, се уште ги намалуваат продажбите.