Закрепнувањето на германската економија ќе започне во втората половина од годинава

Кризата која ја предизвика пандемијата на Ковид 19 ја втурна германската економија во најдлабока рецесија од Втората светска војна, а по двата квартали на опаѓачката економска активност, закрепнувањето се очекува да започне во втората половина на годината, прогнозира германскиот Институт Ifo.

Според предвидувањата на Институтот, германскиот БДП се очекува да порасне за 6,9% во третиот квартал и за 3,8% во последниот квартал од 2020.
„Како и да е, во 2020 година германскиот БДП ќе се намали за 6,7% во однос на 2019 година“, предвидува Ifo, додавајќи дека се очекува да се постигне 6,4% економски раст следната 2020 година.

Ifo ги заснова своите предвидувања на вербата дека потрошувачката на домаќинствата ќе се стабилизира во втората половина на оваа година, како резултат на стимулативни мерките, а посебно на намалувањето на стапката на ДДВ.

Ifo предвидува дека приватната потрошувачка во Германија ќе се намали за 6,4% годинава и ќе порасне за 5,1% следната година, што сепак нема да биде доволно за таа да се врати на нивоата пред корона кризата.
Во однос на извозот и увозот на германската економија, Ifo предвидува годинава извзоот на Германија да се намали за 13,3%, а следната 20201 година да порасне за 13,4%. Во однос на увозот во Германија се прогнозира тој годинава да се намали за 7,7%, а следната 2021 година да порасне за 7,8%.