Закрепнувањето на светската трговија од кризата предизвикана од Ковид 19 достигна рекордно високо ниво во првиот квартал на 2021 година, зголемувајќи се за 10% на годишно ниво и за 4% во споредба со претходниот квартал, покажува најнопвиот извештајот на УНКТАД.

Според извештајот, импресивниот раст во првото тромесечие од 2021 година продолжи да биде воден од силните извозни перформанси на источноазиските економии, чиј успех во ублажувањето на пандемијата им овозможи побрзо да се рестартираат и да профитираат од растечката глобална побарувачка за производи поврзани со COVID-19.

„Глобалната трговија забележа побрзо закрепнување од рецесијата предизвикана од пандемијата отколку во последните две трговски рецесии“, вели економистот на УНКТАД Алесандро Никита.

Тој рече дека беа потребни четири квартали по почетокот на пандемиската рецесија, за светската трговија да се врати на нивоата пред рецесија. До петтиот квартал, односно првото тромесечие од 2021 година – глобалната трговија е повисока од нивото пред кризата, со зголемување од околу 3% во однос на четвртиот квартал од 2019 година.

Колку за споредба, на глобалната трговија и беа потребни 13 квартали за да се опорави глобалната трговија од рецесијата во 2015 година, што произлезе од структурните промени во источноазиските економии и падот на цените на стоките, и девет квартали да се врати од рецесијата во 2009 година предизвикана од глобалната финансиска криза.

Во извештајот се вели дека во во првиот квартал од 2021 година, вредноста на трговијата со добра е поголема од нивото на пред-пандемија, но трговијата со услуги останува значително под просекот.
„Глобалната трговија со производи поврзани со Ковид 19 остана силна во текот на кварталот“, се вели во Извештајот.

Закрепнувањето на трговијата останува нерамномерно, се забележува во Извештајот, особено кај земјите во развој, со значително поголем раст на извозот од Источна Азија.

Во првиот квартал од 2021 година трговијата продолжила да расте не само во секторите поврзани со Ковид 19, како што се фармацевтски производи, комуникациска и канцелариска опрема, туку и во други сектори, како минерали и земјоделска храна.

Повеќе раст на трговијата се очекува во 2021 година

Извештајот предвидува дека трговијата ќе продолжи да расте и во 2021 година, а растот се очекува да остане силен и во втората половина на годината.

„Развојот на трговијата се очекува да остане посилен за Источна Азија и развиените земји, додека ќе заостанува во многу други земји“, се вели во извештајот.

Вкупната прогноза за 2021 година укажува на зголемување од околу 16% од најниската точка во 2020 година (19% за стоки и 8% за услуги).

Вредноста на глобалната трговија со стоки и услуги се предвидува да достигне 6,6 трилиони американски долари во вториот квартал од 2021 година, што е еквивалентно на годишно зголемување од околу 31% во однос на најниската точка на 2020 година и од околу 3% во однос на предпандемиското ниво од 2019 година.

Но, позитивните изгледи во голема мера зависат од намалувањето на ограничувањата на пандемијата, постојаниот позитивен тренд на цените на стоките, целокупните ограничувања од политиката на протекционистичка трговија и поддржувачките макроекономски и фискални услови, се вели во извештајот.

„Како и да е, пакетите за фискални стимулации, особено во развиените земји, се очекува силно да го поддржат закрепнувањето на глобалната трговија во текот на 2021 година“, се вели во извештајот. „Вредноста на глобалната трговија исто така треба да се зголеми поради позитивните трендови на цените на стоките“.

Извор: Reuters