Извоз.МК е специјализирана платформа за поддршка и промоција на македонскиот извоз и извозните компании преку обединување на едно место на сите важни информации, пазарни трендови, истражувања и поддршка од значење за олеснување на извозот и интернационализација на бизнисите.
Главниот фокус ќе биде ставен на специјализираниот портал www.izvoz.mk, кој има за цел на едно место да ги обедини сите важни информации од земјата и светот, пазарните трендови, како и да ги сподели успешните домашни и странски примери и добри практики во градење на успешна извозна стратегија.
МИСИЈА – Мисијата на Извоз.MK e да биде платформа преку која ќе се слушнат предлозите и ставовите на извозниците за зголемување на извозот и подобрување на конкурентноста на производите и услугите, како и преку која ќе се промовираат добрите и успешни практики во насока на зголемување на извозот и бројот на компаниите кои извезуваат.
ЦЕЛИ – Целта на Извоз.МК е да се зголеми свесноста во јавноста и кај носителите на економски политики за неопходноста и значењето на извозот за целокупната економија и за подообрување на животниот стандард на граѓаните.
Преку специјализираните категории Export Intelligence, Извозен водич, Саеми, Извозни пазари, ќе се објавуваат најнови трендови, истражувања и анализи кои ќе им бидат од корист на компаниите кои веќе извезуваат производи и услуги или сакаат да ги направат почетните чекори за интернационализација на својот бизнис.
Исто така на порталот www.izvoz.mk секојдневно се објавуваат и информации за трендовите и понудата на производи и услуги за извозните компании од областа на:
- Транспорт и логистика – во посебна рубрика на порталот ќе бидат опфатени информации за најважните вести и најновите трендови во областа на транспортот и логистиката, како и понудата на производи и услуги од страна на транспортните и логистичките компании во земјата кои играат важна улога за олеснување на извзозот и трговијата со странство.
- Финансиски услуги – во посебна рубрика ќе се објавуваат најнови информации и понудите на производи и услуги кои ги нудат деловните банки и финансиски институции, како и производите и услугите на осигурителните компании, на државната развојна банка и другите институции за поддршка на извозот и трговијата.
Преку платформата Извоз.МК ќе се објавуваат и:
- Специјални публикации со рангирања на најголемите извозни компании и индустрии
- Водич за извозници со анализи и информации за најголемите земји трговски партнери.
- e – Newsletter кој ќе се објавува неделно и кој ќе ги содржи најважните информации од претходната недела.
Покрај специјализираниот портал www.izvoz.mk, во рамки на проектот Извоз.МК се планира да се организираат и едукациски настани, тркалезни маси и советувања посветени на изнаоѓање на нови партнери и нови пазари, анализи на политиките и мерките кои се однесуваат на извозот, како и семинари и работилници за актуелни подрачја од интерес на извозниците.