САД се најголем извозник на земјоделски производи во светот, но која нација ги следи на второ место? Благодарение на децении иновации и напорна работа, тоа е Холандија! Земјоделство без непотребен отпад, токсини и со свесно очекување на промените на нашата планета, Холанѓаните прават земјоделство во 2019 година да изгледа како земјоделство во 3019 година.

Холандското земјоделство е главен играч на глобално ниво и во моментов е втор најголем извозник на земјоделски производи, после САД. Како е можно толку мала земја да биде толку голем производител и извозник на храна?

Во прилог се неколку причини за успехот на Холандија во извозот на земјоделски производи:

Агроиндустријата во Холандија постојано расте

 

Холанското земјоделство во 2018 година донело девизен прилив од извоз од 90,3 милијарди евра, достигнувајќи рекордна вредност. Ова се навистина големи бројки и многумина се прашуваат како е можно така мала земја како Холандија да има толку голем извоз на храна и земјоделски производи?

Најголемата сила на холандското земјоделски извоз лежи во нивното know-how  и иновациите кои ги применуваат во производството на храна.

Растечката популација во светот, поголемата побарувачка за за здрава храна и климатските промени имаат големо влијание врз начинот како Холанѓаните произведуваат храна. Холандија низ годините развимногу паметни технологии за производство кои и помогнаа да одговори на сите овие предизвици и да ја подобрат нивната извозна позиција.

Извоз со висока додадена вредност

 

Податоците покажуваат дека 78% од вкупниот извоз на Холандија на процесирани и свежи земјоделски производи оди кон земјите на Европската Унија. Најголем извозен пазар за холандските земјоделски производи е Германија, каде се пласира близу 25% од вкупниот агро извоз. Следни најголеми извозни пазари се Белгија, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија.

Овошјето и зеленчукот се најпопуларни холандски земјоделски производи на странските пазари, кои учествуваат со над 13% од вкупниот извоз на Холандија во 2018 година. Извозот на месо учествува со 12% во вкупниот холандски извоз, додека млечните производи и јајца учествуваат со 10%.

Холандија најмногу заработува од хортикултурата и извоз на цвеќиња( 9,1 милијарди евра), од млечни производи и јајца (8,9 милијарди евра), од месо (8,3 милијарди евра) и зеленчук (6,7 милијарди евра).

Подготовките кои содржат житарки, брашно, пијалоци, морска храна исто така и носат милијарди евра на холандската економија.


Преку иновации до земјоделство на иднината

Иновациите имаа големо влијание врз Холандија во текот на изминатите години и навистина многу помогна да се воведат посовремени земјоделски методи. Во изминативе неколку декадеи Холанѓаните докажаа дека се светски лидери во  иновации во земјоделството.

На кратко, со текот на времето Холандија навистина ќе се занимава со земјоделство за иднината. Докази за тоа има во сите статистики.

Трошоците за истражување и развој на холандските компании, кои имаат над 10 вработени, во 2018 година бележат годишен раст од околу 11%.

Минатата година Холандија извезла и околу 9,2 милијарди евра стоки поврзани со земјоделството, како што се земјоделските машини, машини за прехранбената индустрија, стакленички производи, ѓубрива и производи за заштита на растенијата.

Пред околу дваесетина години Холанѓаните на национално ниво се обврзале да произведуваат двојно повеќе храна со двојно помалку ресурси. Од почетокот на новиот век холандските фармери ја намалиле зависноста од вода на главните култури дури за 90%.

Тие речиси целосно ја елиминирале употребата на хемиски пестициди во агро фармите, а употребата на антибиотици во одгледувањето на добиток од 2009 година наваму е намалена за импресивни 60%. Истовремено, производството на органско млеко и млечни производи бележи постојан раст.

Истовремено, холанските земјоделци користат најсовремени технологии во производството на храна. Една од нив е употреба на дронови преку кои се следи состојбата на водата и сите нутриенти во земјата, со што приносите на одредени култури се далеку повисоки од светските просеци.

До 2050 година се очекува да има 9 милијарди луѓе на Планетата Земја. Овие бројки можат да предизвикаат вистински земјотрес во ланците на снабдување во земјоделието, ако комапниите претходно не се подготват.

Холанѓаните се чини можат да спијат мирно, ако се знае дека петте најголеми земјоделски компании во светот имаат истражувачки центри во Холандија. Многу нови методи и техники за одржливо земјоделство се развиваат во Холандија и се имплементираат во светот.
На пример, Холанѓаните успешно развиваат техники за производство на храна на солена земја, овозможувајќи им да одгледуваат храна на земја која порано била неупотреблива.

Истовремено, Холандија е најголем светски извозник на компири и кромид и втор најголем извозник на зеленчук според вредност на извоз. Повеќе од третина од светската трговија со семиња за зеленчук отпаќа на Холандија.

Со успехот во производството и извозот на храна Холандија ги разбива сите досегашни стандарди за производство на храна на големо. Бидејќи, Холандија иако е мала земја по територија е втор најголем извозник на храна, веднаш зад САД, кои според територија се 270 пати поголеми од Холандија.
Со тоа само докажува дека и со ограничени ресурси може да се постигнат големи успеси, ако тие паметно се употребуваат во комбинација со напредните технологии.