Земјите низ целиот свет се трудат на секој начин да го промовираат и поддржат извозот. Скоро секоја земја исплатува и финансиски стимулации за извозниците. Земји како Кина имаат посебни економски зони каде извозниците не плаќаат даноци. Многу земји имаат специјални банки и агенции за извозно кредитирање и осигурување промовирани од владата за да го олеснат растот на извозот.
Ако владите трошат толку многу ресурси и обезбедуваат толку многу стимулации и поддршка за извозот, тогаш се наметнува заклушокот дека извозот мора да е многу важен за нив.
Кои се најголемите економски придобивки од извозот и зошто извозниците за важни за секоја економија?
Искористување на компаративната предност
Основниот принцип што ја движи меѓународната трговија е принципот на компаративна предност. Некои земји се благословени со некои природни ресурси, додека други имаат различни ресурси на располагање. На пример, Саудиска Арабија. Има многу повеќе нафта отколку што може да искористи. Сепак, има многу малку други ресурси што и се потребни. Извозот е тој што и овозможува на Саудиска Арабија да води просперитетен живот. Тие го извезуваат вишокот нафта и ги увезуваат сите други стоки. Важно е секоја земја да ја осознае својата основна компетенција, предностите каде може да биде конкурентна и да започне да се фокусира на нивно подобрување и извоз во светот.
Придонес кон БДП
Нето-извозот е разликата помеѓу увозот и извозот. Ако нето извоз е позитивен, тоа се додава на БДП на земјата. Од друга страна, ако нето извозот е негативен, тој се одзема од БДП на нацијата. Ова е затоа што стоките што се испраќаат во странство се произведуваат и локално. Бидејќи БДП го мери само локално производство, извозот дефинитивно води до зголемен БДП.
Оттука, извозот е директно поврзан со поголемиот економски раст.
Зголемување на вработеноста
Извозот води до поголемо домашно производство. Домашното производство бара повеќе домашна работна сила. Оттука, извозот доведува до зголемување на вработеноста во државата. Освен директното вработување обезбедено со извоз, има и ефект на прелевање.
Ова значи дека откако работниците во извозните компании ќе добијат плата, тие ги трошат своите пари во земјата за да купуваат стоки и услуги. Ова води кон уште поголемо отворање работни места. Како резултат на тоа, целата економија се развива.
Економистите често го наведуваат примерот на Кина додека ја објаснуваат оваа точка. Стапката на невработеност во Кина е драстично намалена по воведувањето на политиките насочени кон поттикнување на извозот .
Исто така, економистите често го наведуваат и примерот на САД. После Втората светска војна, САД беа доминантен извозник на стоки во светот. Во овој период е забележан масовен пораст на вработеноста во САД. Подоцна, Америка стана зависна од ефтин увоз од нации како Кина, Јапонија и Кореја. Паралелно со тоа, стапката на невработеност вртоглаво се зголеми во Америка. Бидејќи производството на стоки не се случува во Америка, американскиот работник е невработен!
Заради овие причини, многу земји се особено претпазливи и загрижени за намалувањето на извозот. Бидејќи, падот на извозот најчесто се смета како ран показател за претстојната економска рецесија.
Побрзо опоравување од рецесија
Извозот е многу важна алатка за поттикнување на економскиот раст во една земја. Ова значи дека извозот може да се искористи и за побрзо закрепнување од рецесии. Логиката што стои зад ова е едноставна. За време на рецесијата, има негативно расположение во целата економија. Фабриките и компаниите престануваат да ги зголемуват платите или ги намалуваат. Како резултат на тоа, потрошувачите почнуваат помалку да трошат и да ги одложуваат своите набавки. Како резултат на ова се поттикнува магичниот циклус кој води до намалување на производството.
Доколку во исто време другите земји во светот не страдаат од рецесија, а потрошувачите во овие земји имаат поголеми приходи и се подготвени да трошат повеќе, тука влегува во игра извозот. Извозниците од земји склони кон рецесија можат да ги продаваат своите стоки во земјите со поповолна економска клима. Ова ќе го зголеми локалниот БДП и ќе ја намали невработеноста. Заради тоа, зголемувањето на извозот е еден од најефикасните начини за надминување на рецесијата.
Заработка на девизи
Извозот е единствениот здрав начин да се заработат девизи, кои се потрбни за плаќање на увоз на други потребни производи, за отплата на долгови… Поради оваа причина се смета дека извозот е од витално значење за солвентноста на една нација. Просперитетна економија може одеднаш да банкротира ако нема доволно девизи да ги сервисира своите обврски.
Ова е причината зошто владите низ целиот свет создаваат посебни шеми за поттикнување на извозот.
Но, извозот мора да се прави со профит, односно извозните производи и услуги мора да бидат конкурентни. Некои земји ги субвенционираат своите производи за да станат поевтини на меѓународниот пазар и да го поттикнат извозот. Ова нема да има многу голема корист за економијата. Субвенциите сами по себе не го поттикнуваат извозот.
За извозот да биде конкурентен на странските пазари, извозните компании пред се треба да имаат добри услови за видење бизнис дома.