Извозот и увозот на Кина во март бележат ад во споредба со истиот период лани, но тој пад е многу помал од очекувањата на економистите. Извозот се намалил за 6,6% на годишно ниво, додека увозот бележи пад од 0,9%, покажуваат податоците на царинската кинеска администрација.
Кина во март успеала да оствари трговски суфицит од 19,9 милијарди долари, што е исто така повеќе од очекуваното.
Во јануари и февруари, кога Кина беше најсилно погодена од корона вирусот, кинескиот извоз забележа пад од 17,2%, додека увозот се намали за 4%.
Проблемите остануваат
Иако изгледа дека епидемијата во Кина стивнува, а економијата полека се враќа во нормала, сепак епидемијата со корона вирусот останува сериозен проблем за останатиот свет.
Бројот на заразени во целиот свет вече надмина 2 милиони, а за да го стават под контрола ширењето на заразата многу земји воведоа карантини и ограниувања на движењата и патувањата, што предизвика сериозен шк и намалување на потрошувачката на различни производи и услуги.
Оттука, намалената меѓународна побарувачка за кинеските производи ќе продолжи да влијае врз извозот на Кина и врз кинеската економија која е силно зависна од извозот. Иако кинеските власти се трудат тоа да го надоместат преку поддршка на внатрешната трговија и домапната потрошувачка, сепак намалената меѓународна побарувачка може да предизвика сериозни проблеми за кинескиот производствен сектор.
До крајот на неделата се очекуваат и официјалните податоци за БДП на Кина, а очекувањата се дека кинеската економијаво првото тромесечие ќе забележи пад од 6,5% на годишна основа, односно 9,5% на месечна основа.