Минатата година од Македонија е извезен сладолед во вредност од 11 милиони евра, што е раст за околу 70% во споредба со извозот на сладолед во претходната 2019 година. Минатата година извозот на сладолед бил поголем за 4,5 милиони евра во споредба со извозот на сладолед во 2019 година вреден 6,5 милиони евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголем дел од македонскиот сладолед минатата година се продавал во Велика Британија, каде лани е остварен извоз од околу 3,3 милиони евра. Втор најголем извозен пазар за сладолед бил Косово каде лани е остварен извоз од 1,87 милиони евра. Следат Шведска со извоз од 1,6 милиони евра, Австрија со извоз вреден 720 илјади евра, Германија со извоз од 634 милиони евра, Чешка со извоз од 460 илјади евра и Србија со извоз од 420 илјади евра.
Најголем производител и извозник на сладолед во земјава е домашната компанија Цермат од Битола, која покрај сладолед во својата производна програма има и кондиторски производи, замрзнат зелечук, производи од лиснато тесто.
Компанијата Цермат е меѓу најголемите извозници во земјава, а во изданието Топ 100 Извозници беше рангирана на 95 место.