среда, јуни 3, 2020

Извоз.МК – Најдоброто од Македонија

Извоз.МК/ Export.MK е специјализирана платформа за поддршка и промоција на македонскиот извоз и извозните компании преку обединување на едно место на сите важни информации, пазарни трендови, истражувања и поддршка од значење за олеснување на извозот и интернационализација на бизнисите.
Преку специјализираниот портал www.izvoz.mk ќе се објавуваат приказни за успешни македонски компании кои извезуваат производи и услуги во странство, за нивните добри примери и практики, за нивните стратегии и планови, но и успешни извозни стратегии на компаниите и државите во светот за градење на модели за раст и развој базирани на извоз.

Со платформата за поддршка и промоција на македонскиот извоз Извоз.МК ќе градиме заедница која ќе го шири размислувањето и мајндсетот дека извозот за Македонија како мала земја е најважниот сегмент за поголем раст и развој на економијата, за повисоки плати и за подобар животен стандард на граѓаните.

Мисија – Мисијата на Извоз.мк e да биде платформа преку која ќе се слушнат предлозите и ставовите на извозниците за зголемување на извозот и подобрување на конкурентноста на производите и услугите, како и преку која ќе се промовираат добрите и успешни практики во насока на зголемување на извозот и бројот на компаниите кои извезуваат.

Цели– Целта на Извоз.МК е да се зголеми свесноста во јавноста и кај носителите на економски политики за неопходноста и значењето на извозот за целокупната економија и за подообрување на животниот стандард на граѓаните.

Преку специјализираните категории Export
Intelligence, Извозен водич, Саеми, Извозни пазари се објавуваат најнови
трендови, истражувања и анализи кои ќе им бидат во корист на компаниите кои
веќе извезуваат производи и услуги или сакаат да ги напправат почетните чекори
за интерназионализација на својот бизнис.

Исто така на порталот www.izvoz.mk секојдневно се објавуваат и информации за трендовите и понудата на производи и услуги за извозните компании од областа на:

  • Транспорт и логистика – преку секојдневни информации за најважните вести и најновите трендови, како и понудата на производи и услуги од страна на транспортните и логистичките компании.
  • Финансиски услуги –  преку информации и анализа на понудите на производи за финансирање кои ги нудат деловните банки и финансиски институции, производите и услугите за осигурување на извозот, факторинг и други финансиски инструменти и производи за поддршка на извозот и трговијата.

Преку платформата Извоз.МК ќе се објавуваат и:

  • Специјални публикации со рангирања на најголемите извозни компании и индустрии
  • Водич за извозници со анализи и информации за најголемите земји трговски партнери.
  • e – Newsletter кој ќе се објавува неделно и кој ќе ги содржи најважните информации од претходната недела.

Покрај специјализираниот портал www.izvoz.mk, во рамки на проектот
Извоз.МК се планира да се организираат и едукациски настани, тркалезни маси и
советувања посветени на изнаоѓање на нови партнери и нови пазари, анализи на политиките и
мерките кои се однесуваат на извозот, како и семинари и работилници за актуелни
подрачја од интерес на извозниците.

error: Content is protected !!