ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ: Најдоброто од македонската економија
Специјализираниот портал ИзвозМК (www.izvoz.mk) го издаде специјалното издание ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ, во кое се објавува рангирање на најголемите извозници во Р.С.Македонија, рангирани според извозот, односно приходите од продажба на стоки на странски пазари остварени во изминатата 2012 година.
Станува збор за проект кој има за цел да придонесе кон подигање на свесноста на јавноста и носителите на економските политики за важноста на извозот и потребата од градење на силна институционална поддршка на извозните компании, со цел остварување на повисок економски развој и подобар животен стандард за граѓаните.
Bо изданието Топ 100 Извозници може да прочитате и повеќе интервјуа со најголемите извозници од различни индустрии, колумни, предвидувања и понуди на производи и услуги за извозните компании од банките и финансиските институци…
Фокусот на годинешната едиција Топ 100 Извозници е ставен на мерките и економските политики кои се потребни за да се поддржи извозот за побрз економски раст во периодот на пост Ковид 19 заздравување.
Нарачајте го својот примерок
Доколку сте заинтересирани да набавите примерок од едицијата Топ 100 Извозници во печатена форма на 76 страници во високо квалитетен печат, тоа можете да го направите преку следниве мејл адреси: marketing@izvoz.mkили contact@izvoz.mk:
-1 примерок Топ 100 Извозници 600 денари;
-5 примероци Топ 100 Извозници 2.750 денари;
-10 примероци Топ 100 Извозници 5.000 денари.
Кој го прави македонскиот извоз?
Најголемите 100 извозни компании пандемиската 2020 година ја завршија со вкупен извоз од 4,16 милијарди евра и вкупни приходи од 5,36 милијарди евра.
Овие 100 најголеми извозни компании создаваат дури 72% од вкупниот извоз на стоки на државата остварен минатата година.
Од компаниите рангирани на листата Топ 100 Извозници, дури 68 компании се големи компании, додека 31 се фирми со средна големина. Има само една мала компанија, тоа е Пего Агрофруит, која благодарение на отворањето на рускиот пазар за извоз на овошје и зеленчук бележи голем раст на извозот.
Официјалната статистика, пак, покажува дека само 3.658 фирми извезуваат. Тоа значи дека само 6,6% од македонските фирми успеале да излезат и да најдат пазар за своите производи надвор од границите на земјата. Од нив, само 2.176 фирми извезуваат на пазарите во ЕУ.
Најголемиот дел од извозните фирми или 3.187 (86,5%) се микро и мали фирми, 363 (9,9%) се средни фирми а само 99 (2,7%) се големи. Но, големите фирми создаваат дури 75% од вкупниот извоз на државата.
Што се однесува до пазарите, ЕУ е доминантен извозен пазар на кој минатата година се продавале близу 78% од вкупните извезени стоки. Втор најголем пазар се земјите од Западен Балкан на кој се пласира 11% од македонскиот извоз на стоки.