Инвестициските можности и регионални проекти во фокусот на денешниот Инвестициски самит на ЕБРД за Западен Балкан

Денеска во Лондон се одржува Инвестицисиот самит на ЕБРД за Западен Балкан. Целта на самитот на кој ќе присуствуваат сите шест премиери на земјите од Западен Балкан, како и министри и водечки бизнисмени од регионот, е да се потенцираат потенцијалните инвестициски и деловни можности во Западен Балкан и да се промовираат регионални и прекугранични проекти.

Самитот ќе започне со сесија на високо ниво за време на која шесте лидери и претседателот на ЕБРД, Сума Чакрабарти ќе се обратат пред публиката. На Самитот ќе присуствуваа и македонскиот премиер Оливер Спасовски и министрите за финансии и економија, Нина Ангеловска и Крешник Бектеши, како и делегација од неколку водечки македонски бизнисмени.
Ова ќе биде можност да се разговара за општата визија за регионот, клучните регионални проекти и можностите за инвестирање во енергетиката и транспортот, како и агендата за „мека поврзаност“ на Западен Балкан.
Ова ќе биде проследено со панел насловен „Зелена енергија во Западен Балкан“, на кој ќе учествува министерирт за економија Крешник Бектеши.

Ова е четврт самит на ЕБОР од ваков вид. Западен Балкан е приоритетен регион за ЕБОР, која е еден од најголемите институционални инвеститори во земјите од регионот, со досега инвестирани близу 12 милијарди евра.