Индустриското производство во Германија во април падна за 17,9% во однос на претходниот месец март, а во споредба со април минатата година намалувањето е 25,3%, покажуваат податоците на Германската статистичка канцеларија објавени денеска.
Овие податоци покажуваат всушност колку високи штети германската индустрија, со оглед дека волку големо намалување на спроизводството не се паметат во поновата историја.

Падот на индустриското производство е поголем од очекуваниот – економистите предвидоа месечен пад од 16,5% во април.
Во март, според ревидираните податоци, германското индустриско производство се намали за само 8,9%, додека во февруари падот беше 9,2%, покажуваат податоците на Дестатис.

Во текот на целиот април беа на сила острите рестриктивни мерки воведени за борба против епидемијата на коронавирус, која го стопираше производството и ги наруши синџирите на снабдување.

Автомобилскиот сектор, меѓу клучните двигатели на германската економија, падна нагло за дури 74,6% во април.

Пандемијата на коронавирус силно ја потресе германската извозно ориентирана економија, која веќе се соочуваше со потешкотии на почетокот на оваа година, заради што падна во техничка рецесија во првиот квартал на 2020 година.

Целосната слика за штетите од корона кризата на најголемата европска економијасе очекува да се покаже дури во вториот квартал.

Според проценките на германската влада, бруто домашниот производ (БДП) се очекува да се намали за 6,3% годинава, што е најлошата годишна рецесија во историјата на земјата од Втората светска војна.