Иницијативата за пронаоѓање на компании-добавувачи од Западен Балкан ќе се одржи од 28 септември до 15 октомври 2021 година.
Ова е седмото издание на овој настан во организација на Сојузната асоцијација за управување со материјали, набавки и логистика и Германските стопански комори лоцирани на Западен Балкан кои настапуваат по налог на Федералното Министерство за економија и енергетика.

Целата на настанот е организација на Б2Б состаноци помеѓу германски компании-купувачи и компании-добавувачи од Западен Балкан, односно од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово.
Во фокус се компании од #метало преработувачката индустрија, кои се бават со обработка на #метал#леење#брусење итн.

Досега, своето учество го пријавија повеќе од 50 германски компании-купувачи, а регистрацијата за учество на квалификувани компании-добавувачи од овој сектор од Северна Македонија, Албанија и Косово е веќе во тек.

Доколку сакате оваа година да бидете дел од овогодишната: „Иницијатива за пронаоѓање на компании-добавувачи од државите од Западен Балкан“, пријавете се најдоцна до 1 јуни 2021 година на следниов е-мејл: abdulai@nordmazedonien.ahk.de