Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот  учесник на “THE THINK GLOBAL CONFERENCE 2021” (Размислувај Глобално Конференција 2021) на International Trade Council (Интернационален Трговски Совет)

На виртуелнот штанд на Агенцијата, на вториот ден од глобалната конференција се одвиваат презентации и состаноци со заинтересираните посетители. До сега најголем интерес е покажан за ИКТ секторот и за прехрамбената индустрија.

Вчера, на првиот ден односно „ДЕН НА СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ“, почесен говорник беше Дејан Павлески, директор на Агенцијата.  Неговата онлине презентација беше на тема „Можности за инвестирање и трговија“, по што следуваа директни вклучувања со прашања и интерес за инвестирање како и за извозниот потенцијал.

Агенцијата покрај со презентацијата на директорот за цело времетраење на настанот ќе биде присутна и со виртуелен штанд со можности за презентации и состаноци во реално време, онлине. Исто така присутни на настанот се и бројни наши, домашни,  извозно ориентирани компании.

Think Global конференцијата е најголемиот настан во светот за извозно ориентираните компании. Со 23.000 учесници на Ц ниво, кои доаѓаат од 79 земји, овој форум претставува едукативна и мрежна платформа каде што учесниците можат да се запознаат со  новите трендови, размена на идеи, справување со предизвиците со кои се соочуваат како и можност за потенцијално да се сретнат со нивниот следен инвеститор, снабдувач или клиент.
На Глобалната конференција присутни се компании од сите големини – од компании од Fortune 500 и средни компании до мали претпријатија и стартапи.