Потрошувачките цени во 19 -те земји од е розоната се зголемија за 3% овој месец, откако пораснаа за 2,2% во јули, што е над очекувањата за раст 2,7%.
Зголемувањето беше поттикнато од повисоките трошоци за енергија, цените на храната, но и зголемувањата на цените на индустриските производи, објави Еуростат.
Овие бројки предизвикуваат главоболки кај Европската централна банка (ЕЦБ), чија цел е инфлација од 2%.
Со инфлацијата во Германија, најголемата економија во еврозоната, која се очекува да достигне 5% во наредните месеци, ЕЦБ најверојатно ќе биде под зголемен притисок од јавноста за да се справи со инфлацијата.
ЕЦБ тврди дека голем број на еднократни фактори поврзани со повторното отворање на економијата по пандемијата на Ковид 19 го претставуваат најголемиот дел од порастот на инфлацијата и дека растот на цените брзо ќе се ублажи на почетокот на следната година.
Креаторите на политиката тврдат дека инфлацијата ќе падне многу под целта на ЕЦБ во наредните години, па дури и ја зајакнаа својата посветеност минатиот месец да ја држат монетарната политика исклучително лабава за да генерираат ценовен притисок.
Говорејќи за Ројтерс минатата недела, главниот економист на ЕЦБ, Филип Лејн, изјави дека овие инфлаторни изненадувања се уште не ги оспоруваат ставовите за привремената природа на ценовните притисоци, бидејќи растот на платите, неопходна компонента на трајната инфлација, останува пригушен.
Меѓутоа, основната инфлација, исто така, се зголеми во август, при што инфлацијата без цените на храната и горивата се забрза на 1,6% од 0,9%,.
Следниот состанок на ЕЦБ ќе биде на 9 септември кога ќе треба да се одлучи за темпото на купување обврзници во наредниот квартал. Иако е можно одредено прилагодување, Лејн тврди дека тоа би било на маргините бидејќи ЕЦБ е посветена на одржување „поволни услови за финансирање“.