Пандемијата предизвикува изнанадувачки промени во начинот на кој потрошувачите купуваат намирници и свежа храна, се вели во нoviot извештај на консултантската фирма Deloitte.

Анксиозноста околу безбедноста се наметнува како примарен фактор во одлуките за купување, покажува истражувањето спроведено на 2.000 американски купувачи.
Според извештајот на Deloitte наречено „The Future of Fresh“, повеќе од половина (54%) од потрошувачите чувствуваат стрес при купувањето во продавниците, што резултира со поретки посети во продажните објекти.

Бројот на купувачи кои изјавиле дека купуваат свежа храна повеќе пати неделно се намали за половина (15%) во 2020 година од 30% кои го правеле тоа пред пандемијата во 2019 година.

Сепак, свежата храна се цени повеќе од кога било во ерата на пандемијата, со 9 од 10 испитаници кои велат дека „ги прави посреќни“.
Заради тоа, потрошувачите всушност купувале повеќе свежа храна и покрај тоа што помалку оделе во продавниците.

Трендот на купување на залихи и нарушувањата во синџирите на снабдување резултираа со недостиг за бројни категории, вклучително и свежа храна.
Истражувањето на Deloitte открива дека две третини од потрошувачите не биле во можност да купат свежа храна што ја сакаат, бидејќи немало на залиха.
Како одговор, потрошувачите се одлучиле за алтернативна ставка од свежа храна (40%), купиле замрзната или преработена замена (28%) или не купиле ништо (26%).

„Бидејќи потрошувачите поминуваат помалку време на патување, тие имаат повеќе време да подготвуваат свежи оброци“, вели Барб Ренер, лидер на сектор на производи за широка потрошувачка во Deloitte .
Иако цената остана примарен фактор во одлуките за набавка на свежа храна, пандемијата ја направи безбедноста подеднакво важен фактор – со скоро 90% од испитаниците идентификувајќи ја цената и безбедноста како важни двигатели на купувањето.

Истражувањето на Deloitte открива два различни профили на потрошувачи при купувањето свежа храна: типично помлади „современи“ купувачи кои ги поттикнуваат иновациите во категоријата (40% од испитаниците) и типично постари „конвенционални“ купувачи со традиционални пристапи кон купување намирници (60% од испитаниците).

Современите купувачи многу поверојатно имаат купено свежа храна преку Интернет (68%) во споредба со конвенционалните купувачи (9%).
Современите потрошувачи исто така се повеќе подготвени да плаќаат премија за свежа храна (75% наспроти 62%) и исто така ги зголемиле своите свежи набавки во последните четири месеци на скоро двојно ниво од конвенционалните купувачи (50% наспроти 27%).

Извор: Consulting.us