Откако воведе карантин на целата територија, Италија го проширува пакетот мерки во обид да ги ублажи ефектите од епидемијата на коронавирус во економијата и општеството.
Министерот за индустрија Стефано Патануели во интервју за Радио Капитал. Изјави дека италијанската влада ќе одобри мерки во вредност од околу 10 милијарди евра
Италијанските власти најавуваат дека во првиот круг ќе бидат вклучени мерки за стопирање на плаќањата на режиски трошоци, даноци и хипотекарни кредити за да се олесни притисокот врз малите бизниси и домаќинствата.
Како резултат на тоа, буџетски дефицит како дел од бруто домашниот производ (БДП) најверојатно ќе се зголеми за скоро три проценти оваа година.
Тој, исто така, ја повика ЕУ да ги смени своите буџетски правила по кризата, предупредувајќи дека многу граѓани ќе ги почувствуваат нејзините економски последици.
И други земји кои се соочуваат со ширење на вирусот на коронавирус како Велика Британија и Германија најавија мерки за поддршка на компаниите и домаќинствата.