Ова се тешки времиња, во кои не е лесно да се обезбеди достапноста на важни производи, суровини и репроматеријали. Затоа, проодноста на транспортните коридори, брзиот и непречен проток на стоките е еден од врвните приоритети.
За да помогне во таа насока, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески е во континуирана комуникација со колегите од сите стопански комори од регионот. Комуникацијата се одвива преку мрежата на Коморскиот инвестициски форум и мрежата на Асоцијацијата на европски комори за комерција и индустрија.
Целта е да се обезбеди непречено снабдување на македонските компании со суровини и репроматеријали, особено за производите кои се неопходни за задоволување на основните животни потреби на населението и производите кои се поврзани со справување и спречување на ширењето на коронавирусот. Пример е проблемот со снабдувањето со меласа, која е основна суровина за производствените процеси, конкретно, за потребите на Фабриката за квасец и алкохол од Битола. Снабдувањето е попречено поради воведените мерки во Србија и Хрватска за забрана за извоз на определени производи заради обезбедување првенствено на потребите на нивниот домашен пазар. Со цел надминување на овој проблем, претседателот на Стопанската комора на Македонија има интензивна комуникација со стопанските комори од овие земји.
Проблемот со задржувањето на македонските камиони на турските граници и застојот на транспортот во Турција продолжува и понатаму, велат од Стопанската комора.
“Решавањето на овој проблем не оди лесно и брзо, но бара упорност. Во тој контекст, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, ја продолжи комуникацијата со Рифат Хисарчиклиоглу, претседател на Унијата на турските комори и стоковни берзи. Како резултат на тоа, претставници на Унијата на турските комори и стоковни берзи се во континуирана комуникација со турското Министерство за трговија, со цел надминување на проблемот”, велат од Комората.
И МАКАМТранс е вклучена во барањето решение за проблемите со кои се соочуваат македонските превозници.
Првата мерка е дека македонските камиони управувани од македонски или странски возачи кои во наредниот период додека важат вонредните рестриктивни мерки да чекаат 14 дена во бафер зоната (карантин), за да потоа им биде извршена дезинфекција на камионот и дури потоа ќе може да влезат во Турција.
Второто решение е турски возач да го превземе македонскиот камион од македонскиот или странскиот возач веднаш по пристигнувањето во бафер зоната и веднаш потоа да влезе во Турција. За тоа се претпоставува дека треба да постои претходен договор меѓу македонската компанија и некоја компанија во Турција во областа на карго транспортот или партнер компанија.
Инаку за сите нашите државјани по 21 март беше забренат влез во Турција, а после нашата интервенција беше направен исклучок само за нашите државјани кои се возачи на камиони, но под горенаведените услови (14 дена карантин).
Од макаедонска страна постојано се врши притисок за ублажување на овие мерки со оглед на пријателските односи меѓу двете држави, но треба да се има во предвид дека не станува збор за дикриминаторски мерки, туку сеопфатни заштитни здравствени мерки кои се применуваат кон сите држави.